Премиерот Зоран Заев рече дека нема што да разговара со новинарот Бранко Геровски кој во серија колумни пишуваше за рекетот врз македонски бизнисмени. Рече дека секој криминал треба да се пријави кај надлежните органи.
„Не смееме да правиме масакр врз луѓето. Новинарот Героски побара средба со мене, уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да пријави. Сите документи, сите докази на еден жанр кој што го направи, ред е да оди да ги пријави заради тоа што презумцијата на невиност постои за секого. Ред е да оди таму и да ги пријави, нема што кај Заев јас не сум иистражител, обвинител. Јас пијам кафе со секој, јас седам со секој и немам проблем но на оваа тема нема што да разговара со мене. Треба да си пријави во истражните органи, Јавното обвинителство, МВР или ако е нешто финансиски во Финансова полиција. Каде тој мисли дека е соодветната институција за доказите и аргументите што ги има за ваков жанр да прави треба да си ги пријави,“, истакна Заев.
Героски преку една од своите колумни побара пријателска средба со премиерот Заев, за како што напиша лично да му објасни зошто било важно тој сам да ја реши кризата која наста по случајот “Рекет“, во кој се претпоставува дека се вклучени и високи функционери на СДСМ.
Comments are closed for this post.