Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со лидерот на Беса Билал Касами во обид да го убеди да ги поддржат уставните измени. Заев е убеден дека кај крилото на Касами постои расположение да се даде глас за обезбедување на двотретинското мнозинство.

Но, нејасно е каков ќе биде ставот на БЕСА, откако оваа партија се изјасни дека ќе бара албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот и да биде службен на цела територија и државата подеднакво да се грижи за граѓаните од сите етнички заедници надвор од границите.

Заев вчера објасни дека двотретинско мнозинство се уште нема но оти се надева дека разумот кај пратениците ќе надвладее а не политиката, и дека поддршката ќе биде над 80 пратеници.

По средбата со Касами, Заев најави дека ќе има средби и со претставници на Алијансата за Албанците