.На прашање за најавите за реконструкција на владата и „метлата“ најавена по претседателските избори, Заев истакна дека и во овој дел многу ќе зависи од одлуката на ЕУ за преговорите.

-Процесот на реконструкција е започнат, ќе има промени кај помалку од две третини од владата, тоа е мојот план, и околу 20 до 30 менаџерски позиции во големите институции, но можеби Советот на ЕУ мене ќе ме смени, изјави премиерот во Брисел.