Политички за СДСМ и владеачките партии е посакувано да има избори. Ги знаеме анкетите. Знаеме како стојат работите. Ако истрчаме ќе добиеме четири години пред нас. Тоа за секој политичар е богами убаво, рече премиерот Заев на прес-конференција по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за распуштање на собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.
Сепак, како што истакна премиерот при избори Македонија може да изгуби 3, 4 или 6 месеци околу подготовка, спроведување на избори и формирање на влада што ќе значи застој во реформите кој ќе биде аргумнтација на земји – членки да го одложат отпочнувањето на преговорите.
Но сепак повикот за избори од опозицијата на денот кога во собранието беа изгласани уставните измени според Заев е вреден за да се разгледа.
Ова е сериозно. Затоа што ако ние не го размислиме барем не би биле сериозни политичари и политичка партија. Секако овој повик на вака важен ден вреди да биде разгледан во највисоките органи и тела на СДСМ како најголема политичка партија во Македонија, но секако и на коалиционите партнери. Сите знаат. Тоа го знам и јас. Го знае и господинот Мицкоски. Тоа што го бара моли бога да не се случи. Штом ќе донесеме одлука веднаш ќе ја соопштиме, рече Заев.
Comments are closed for this post.