Како на чин на пријателство премиерот Зоран Заев гледа на понудата од Бугарија, дел од вакцините да ги даде за нас, покрај неодамнешното вето што нашиот источен сосед го стави на патот кон Европската Унија.

Сепак, како што вели Заев, вакцините кои ќе ги добиеме, без разлика дали преку Ковакс системот, од Грција или од Бугарија, најверојатно ќе биде во март.

Премиерот вели дека за сите вакцини што би стигнале во земјава има одвоено пари, па ќе си ги платиме.

Само долку некој рече, ова е донација, тогаш нема да ги платиме. Инаку, без разлика дали како чин на пријателство некој ни достави од нивните вакцини, ние ќе си ги платиме. Ние сме држава, луѓето плаќаат даноци, пари има обезбедено – рече Заев во „Само интервју“.

Заев рече дека разговараат директно со сите производители на вакцини, а може вакцината „Спутник“ да стигне пред „Модерна“ или „Фајзер“