За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против сѐ што е во интерес на граѓаните, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Штип.
Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против сѐ, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните, изјави Заев.
Comments are closed for this post.