Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде интевку за радио емисијата Македонски корени од Сиднеј. Во разговорот тој беше прашан за многу теми како што се предвремените избори, новиот тим, владеењето на Заев, случајот „Рекет“…

На прашањето дали Заев навистина мисли дека ќе владее уште долго време, Мицкоски вели дека тоа е само обид на премиерот да го мобилизира партиското членство кое е разочарано.

Мислам дека во овој момент Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка и се обидува со еден воинствен речник од типот газам и слично да ја мобилизира онаа структура на подржувачи во рамките на СДСМ бидејќи според нашите информации постои сериозна раслоеност во рамките на самата СДСМ токму тоа е една од причините зошто Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакл. Инаку нелогично е човек кој е толку сигурен дека блеска дека ќе згази на избори и така натаму да не ги организира тие избори да си добие нови четири години-вели Мицкоски во дел од интервуто.