СДСМ забрзано се подготвува за избори. Иако од сите страни укажуваат дека сега не е време за избори и оти приоритет единствено треба да биде здравјето на луѓето, Заев и соработниците мислат единствено мислат на избори. И не само што мислат, туку и се сериозни да ги организираат веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

Настрана од мислењето на Комисијата за заразни болести, експертите, ставот на ДУИ, на граѓаните.. Според официјалните податоци, досега од корона се починати 84 пациенти, од 19 само последнава недела

Власта е свесна дека ја губи довербата кај народот и со избори сака колку-толку да го пречи падот а потоа со „мешетарење“ и купување пратеници уште еднаш да се обиде да состави влада.

Но, сега работите се поинакви и малку е веројатно дека планот на Заев ќе успее уште еднаш.

Зошто не е време за избори

Има повеќе причини зошто сега не е време за избори. Најважната е дека короната нема туку-така да исчезне и оти има опаснот да има новозаболени токму пред и за време на денот на гласање. Кој може да гарантира дека гласачите нема да се заразат токму на денот на гласањето. Кој ќе ја сноси одоговрноста за тоа, Заев?

Но, планот на лидерот на СДСМ е поинаков. Тој сака да го искористи стравот кој владее кај луѓето, посебно кај постарите и пензионерите и тие воопшто да не излезат на глассање. Ниска излезност составено најмногу од партиски послушници и вработени во јавната администрција по директива на власта одат во прилог единствено на СДСМ.

Деновиве сме свдоци дека фамилијата Заеви дели пакети храна под превезот на хуманитарна помош. Можеме само да замислиме што ќе прават пред избори во ситуација кога нема да имаат никава контрола.

Контрола не може да има бидејќи за толку кусо време не може да има домашни и странски набљудувачи кои би го мониторирале не само денот на гласање туку и целиот предизборен период. Страв ќе има и кај избирачките одбори, голем дел составена и од луѓе вработени во администрацијата но и од здравствениот сектор.

И она што е најважно, е понижувачкиот однос на власта кон хероите во време на корона кризата-а тоа се докторите.

Тие сега се на првата линија во одбрана на здравјето на луѓето а  Заев сака да го ослабе нивниот капацитет и наместо на излекување на постоечките да се се борат со новозаразени, само поради планот на власта сега да има избори.