Македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов, по повод Велигденските празници разменија писма со честитки за радоста од просперитетот на односите меѓу братските народи на двете земји, и со желби за здравје и благосостојба.
Во своето писмо, информираат од владината прес-служба, претседателот на Министерскиот совет на Република Бугарија Бојко Борисов изразува уверување дека тој и премиерот Заев со уште поголема сила ќе ги насочат добрината, љубовта и смирението, како дарови од Велигденскиот празник, за придобивките од заедничката европска иднина на двата братски народи.
Со честитките за празникот Велигден до премиерот Борисов и до граѓаните на пријателска Бугарија, премиерот Заев, истакнува дека историската прилика што во ист период се на чело на Владите на двата народи е можност за вградување на силна посветеност и искрена љубов во односите на двете земји за унапредување на благосостојбата на граѓаните на двете земји.
Им посакувам мирни и убави празнични денови на граѓаните на пријателска Бугарија и нека љубовта и милосрдието на кои не учи овој празник, бидат наш животен стил секој ден, се вели во писмото на премиерот Заев до Борисов, по повод празникот Велигден.
Comments are closed for this post.