Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев поради интензивната дневна агенда ретко ги користат дневните услуги на Службата за општи и заеднички работи во зградата на Владата. Во денови кога истите ги користат, на располагање ја имаат истата понуда, што ја користат сите вработени при  Генералниот секретаријат на Владата на РМ, вели за Пресинг Тв владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Пресинг Тв го праша портпаролот што преферираат премиерот и вицепремиерот од месото за кое СОЗР објави тендер во вредност од 2,4 милиони денари.

Со тендерот се предвидува набавка на 6 тони месо, а на листата, меѓу другото, се наоѓаат-свеж јунешки мускул добиен од млади говеда, јунешки бут, јунешки рамстек, телешки бифтек, свински прави ребра меснати свежи, крезли и јатки од свежо јагне, прасечко месо, свинско каре, свинско филе, јунешки бут без коска добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост…

Скромноста или презафатеноста имаат мала улога, зашто квлитетното месо, сепак, ќе биде скојдневно на менито.