Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски нагласува дека на 18 јуни 2017-та година, по средбата со синдикатот премиерот Заев изјави дека ќе најде решение за рестартирање на Југохром и спас на егзистенцијата на 1200 вработени.
Според Мицкоски, 12 октомври истата година, имало ветување од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев дека Југохром ќе почне да работи во мај или јуни оваа година.
Помина не само јуни, туку дојде и јули, август, септември, октомври, сега сме ноември, нема рестартирање на Југохром. Но затоа вчера дојде ново ветување од владата, Југохром ќе бил рестартиран во мај-јуни наредната година и ќе биле спасени 550 вработени. А како ова да се нарече поинаку освен како едно брутално лажење на македонската јавност и поигрување со судбините на 1200 работници и ништо повеќе. Лажеа за рестартирањето на Југохром пред година ипол, лажат и сега. Секоја година си даваат ветување за некоја нова година дека ќе било рестартирањето. Година ипол се на власт и неуспеваат да го реализираат едно од своите први ветувања, а неуспеваат затоа што и во еден Југохром се кријат лични бизнис интереси на поединци од власта и политичко пазарење за сметка на маката на напатените работници. И ќе рече премиерот дека држел до зборот, но тоа само пред камерите, тој единствено држи до личниот интерес и парите. И ова со Југохром се голи факти за неспобната влада која ниту владината димна завеса не може да ја покрие. Црно време за македонската економија, уште поцрно време за македонските граѓани
Comments are closed for this post.