Средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети не донесе договор за за заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.
Како што најави Заев, разговорите со ДУИ ќе продолжат на ниво на организациски секретари на партиите. Лидерот на СДСМ се надева дека до кајот на неделева ќе се дојде до заедничко прифатливо решение.
Заев потенцира и дека неколкумина кандидати испливуваат во анкетите и дека на ниво на партијата ќе разгледуваат кое решение е најпогодно.
Сличен став имаше и Али Ахмеи, кој, пак, нагласи дека се уште не станало збор за конкретни имиња, но дека тој лично не би се кандидирал за претседател.
Comments are closed for this post.