Во Клубот на пратениците почна средбата на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИО, Али Ахмети. Според најавите, двајцата партиски лидери ќе разго
Откако синоќа на состанокот на СДСМ со коалициските партнери беше одлучено на претседателските избори да се настапи со заеднички кандидат се очекува тоа да биде потврдено на денешната средба помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети.
Иако нивната средба се уште не е официјално потврдена, се очекува таа да се случи напладне во Клубот на пратениците.
Иако првичниот став на ДУИ беше партијата да излезе со свој кандидат по средбата на работните групи тоа се промени. Сега двете страни најавуваат дека ќе излезат со заеднички, односно како што тие го нарекуваат консензуален кандидат.
По средбата на Заев и Ахмети ќе биде познато дали кандидатот ќе биде промовиран на конгресот на СДСМ закажан за трети март.
Comments are closed for this post.