Зоран Заев за прв пат објави дека ги знае сите детали за тоа како избегал поранешниот премиер Никола Груевски но оти ќе чека прво со информации да излезе Јавното обвинителство.

Јас сум информиран, но мораме да почитуваме Јавното обвинителство за истрагата. Гориме од желба и јас и Оливер Спасовски да ги кажеме сите детали, и во делот на внатрешната истрага и истрагата што ја прави Јавното обвинителство но законите велат кога имате налог од Јавното обвинителство да заврши истрага па да соопштувате тоа го соопштувате-вели премиерот.