По реакциите откако за време на посетата на грчката делегација, пред македонската влада не беше интонирана македонската химна, а од Владата соопштија дека тоа е заради доцнењето на авионот на гостите, премиерот Зоран Заев открива:
„Доцнењето на авионот беше најглавната причина, но постоеја и други причини. Јас јавно кажувам, транспарентен човек сум“.
Ова го истакна премиерот во интервју за битолска Тера.
Кога видовме дека се доцни, рековме од каде да скратиме. Дајте квалитативниот дел на разговорите да го одржиме. Скартивме по еден министер, каде што требаше да зборуваат. Ги скративме сите церемонии внатре. Го скративме времето и пак половина час се доцнеше. Но, реално кажувам дека симболите исто така, на АРМ не беа сменети, а треба да ги смениме. Ако сме пријатели и го почитуваме Договорот, не треба да дозволиме Ципрас да се врати во Грција и да го критикува неговата јавност. Пријателите водат грижа за себе, истакна Заев.
Но како што вели Заев химната до сега неколку пати се свирела во присуство на грчки претставници.
„И сега од целиот овој настан кој навистина е историски, сета убавина, сега химната. Химната се свиреше пред седум до десет дена. Пред два дена НАТО земји правеа концерт, сите заедно ја свиреа македонската химна“, рече Заев.
Comments are closed for this post.