До петок предлогот за реконструкцијата на Владата ќе биде испратен до Собранието, рече денес премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Планирам во петок, зашто и парламентот си прави свои планови, на почетокот на идната недела планираат седница. Верувам дека ден поскоро ќе завршиме со плановите за предлог за реконструкција на Владата.
Ако тоа се случи понеделник, вторник во парламентот, следната недела продолжуваме со директорските места, и сакаме другата недела да ги завршиме кадровските промени во општествениот дел“, рече Заев.
Тој додаде дека СДСМ до крајот на месецот ќе ги донесе одлуките за потпретседателите на партијата и за мал дел од општинските организации.
Comments are closed for this post.