Премиерот Заев од Вашингтон во Богданци. Говорејќи за пораките од светските лидери кои деновиве ги испратија до македонските граѓани, премиерот вели:

Добивме поддршка и од претседателот Трамп, за покажаното лидерство, за градењето пријателство, за односот фокусиран кон иднината. Стигна и порака од францускиот претседател Макрон, ни ја гарантира иднината во НАТО и ЕУ. Дојдоа во Македонија канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Могерини.Ова е исто така признание на нашата државност, јазик и идентитет, рече Заев .

Tој додаде дека целиот свет и дава поддршка на Република Македонија, а прашањето со референдумот е дали ќе бидеме дел од светот или сами во светот.

Премиерот Заев рече дека ја разбира мачнотијата од географската одредница, но укажа дека со договорот од Преспа се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет.