Јас употребував и мој наратив за искрената потреба да имаме одлична соработка, најдобро пријателство, дека ние сме браќа. Ние тоа сакавме да го постигнеме преку Договорот за добрососедство, но наеднаш решија да ни станат „татковци“ – изјави премиерот Зоран Заев.
Според него, тука е проблемот, а со тоа не можеме никако да се сложиме.
Сите ние имаме свои национални корења и посебност. Никаде не се преговара за идентитет и јазик низ светот и ние не преговараме – потенцира Заев.
Тој истакна дека борбата за ослободување од Османлиското царство е заедничка историја.
Самуиловото царство е заедничка историја, исто како што се Св. Кирил и Методиј и Св. Наум и Климент Охридски. Проблемот е во учебниците и во тоа што наскоро ќе има избори во Бугарија. Поради пуста политика е овој застој – смета Заев.
Comments are closed for this post.