Премиерот Зоран Заев во врска со пребегувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави дека Министерството за внатрешни работи постапувало согласно наредбата од судот и во рамки на законските овластувања, а за постапката за екстрадиција на Груевски дека е веќе започната откако е добиена потврда од унгарското МВР дека тој се наоѓа во Унгарија.
Без наредба, МВР не може ниту мене, ниту на кој било граѓанин да му пристапи. Неколку дена претходно Груевски беше на иста Уставната комисија каде бев и јас во Парламентот. Ова го кажувам не затоа што не требало да бидеме поподготвени и повнимателни, туку затоа што тоа испраќа и сериозна порака дека не треба да правиме ништо повеќе од тоа што го пропишува законот. Од тој аспект строго е постапено согласно законот на еден внимателен и демократски начин, рече Заев.
Comments are closed for this post.