Нема начин да му се даде политички азил на Груевски вели во изјава за МИА унгарскиот европратеник од партијата на зелените Бенедек Јавор. Овој европратеник потенцира дека за Унгарија, Македонија важи за безбедна земја.

Сепак тој не исклучува  варијантаана Груевски да не му се даде политички азил туку да се задржи во Унгарија одреден период додене пронајде побезбедно место за себе и да се пушти да стаса во земја надвор од ЕУ.

Ова е многу чуден потег од македонскиот лидер да дојде во Унгарија, ова може да предизвика огромен проблем за унгарската влада исто така. Според унгарските домашни закони и европските нема начин да му се даде политички азил на господинот Груевски. Делумно затоа што Македонија за Унгарија важи за безбедна трета земја, бегалците кои пристигнуваат од Македонија треба да бидат вратени во Македонија бидејќи се смета за безбедна земја. Се разбира знаеме дека има близок однос и пријателство помеѓу Орбан и Груевски, така што сомневам дека ова ќе се случи, вели Јавор за МИА.

Европска Комисија според него треба прашањето за бегството на Груевски да го отвори затоа што ги загрозува темелните европски безбедносни интереси.