Премиерот Заев е упорен во намерата Грција да ни помогне во блокадата што овој пат ни ја прави Бугарија за почеток на преговорите за членство.

Јас верувам ова покрај тоа што е проблем и предизвик на Македонија, е проблем и на Европската Унија или предизвик за Европската Унија, вклучувајќи ја Грција и Бугарија.

 

Тој  верува дека прво ќе се најде некое решение со Бугарија, затоа што проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка, имајќи предвид дека допрва се отвораат 35 поглавја и на отворање и на затварање се носат одлуки од сите земји- членки, така да верувам дека намалените тензии и кај нас и во Бугарија ќе помогнат во целиот тој дел.

Но, ни треба помош и од сите други пријатели, а премиерот Мицотакис разви неколку идеи и многу сум благодарен заради креативноста која што ја понуди. Нормално не можам да ги коментирам, затоа што сепак тие тоа треба да го направат, но за нас се исклучиво позитивни. Мене ми е многу драго што шефот на Владата на Грција не само што помага, не само што учествува, тој директно на Европскиот совет и министерот Дендиас на Советот на министри и таму се гласни и зборат и работат за помошта на интеграциите на Македонија и на Албанија, секако и на двете земји, а сега покажаа и дополнителна креативност, што сум позитивно изненаден на многу пријателски начин, на многу прагматичен начин.

Верувам дека може да биде само од помош и да биде решение на проблемот. Така да убаво е чувството, навистина кога имате пријатели. Ние сме мала земја, стварно сме пријатели со сите, но кога ќе ви возвратат со пријателство е убаво чувството. Ред е тоа да го споделам со нашиот народ. Верувам во успеси, верувам низ дијалог и договор дека се постигнуваат решенијата и навистина Грција, можам да потврдам дека е еден од најпосветениот наш пријател за нашите евро- атлантски интеграции.