Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори.
Во разговорот, премиерот Заев објаснува дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.
Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат – вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.
Comments are closed for this post.