Спикерот Талат Џафери за вторник, 11 јуни ја закажа седницата за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Ова следува откако надлежната комисија предложи, а Груевски потоа на Фејсбук најави дека се повлекува и оти ќе си поднесе оставка.

Тоа пак создаде недоумици , дали тоа треба да го направи лично и дали Собранието во таков случај треба да расправа.Толкувајќи го и Уставот и Деловникот за работа на Собранието, и владејачкото мнозинство, пак, е дилема. Дали да го почитува уставот или Деловникот?

За да му се одземе мандатот, потребно е да гласаат 80 пратеници.