СДСМ доби старо-нов лидер. Во неизвесна трка за партиската позиција Венко го победи Филипче. Каква недела за докторот , прво се сретна со премиерот Мицкоски а потоа застана на чело на партијата. Кога ти оди се ти оди.

Додуша против кандидат немаше, ама и тоа е успех, можеше да изгуби и од самиот себе. Но, тоа не го дозволи, неговиот ментор Зоран Заев кој и од Дубаи сака да ја има има контролата на Бихаќка. Што е сигурно сигурно е.

Не го оставаат Зоки намира да гради облакодери во Емиратите а да не знае што му спремаат во партiата. Какво време дојде во никого не може да имаш верба .

foto SDSM

Затоа цел управен, централен одбор, или како и да се вика во партијата го напикаа со нивни луѓе. Сељачко крило. До кое дереџе дојде СДСМ, од 23.000 регистрирани членови на гласање се појавиле 18.000 .Другите не знаеле за кого да гласаат., се коментира во ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Венко виде како власта почна да апси се живо и диво по трагедијата од Кочани па сака да се осигура до каде ќе се оди кај нивните.

Сакаше Анкетна комисија, но откако власта рече дека може анкетна ,но таа да ги истражува и пожарот во Модуларната болница во Тетово во чие време токму Венко беше министер и автобусите на Дурмо и Беса транс, некако се тивки за фомирање на комисија.

Да не биде дека џабе му го губел времето на Мицкоски, се најдоа на средина да формираат работнни групи за закони кои се поврзани со реформската агенда. Тоа тоа, а ич.

Уште поочајни се партиите на Албанците. Биле изненаѓени и увреѓени што на средба кај Мицкоски бил викнат само Филипче, и оти тоа било доказ за моноетничка држава. Бре бре.

Нема ништо лошо Мицкоски да се сретне со сите претседатели на партиите на Албанците, но нема потреба од правење претстава наречена лидерска средба. Со лидерска, Албанците сакаат да се наметнат како некаков фактор и тие да предлагаат што треба власта да прави.

Што ќе зборуваат? Еве Али Ахмети ќе побара странци да се вклучат во истрагата за Кочани оти во осомничените и уапсените има и членови и ДУИ и тоа и министри.

Оној па Зијадин Села вели била задушена албанската опозиција и правдата. За вакви муабети си го имате Албин Курти, уште кај него можете да глумите некаков фактор. 

Трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје за кој ние обичните луѓе мислиме дека не служи за ништо да ти вртел милиони. Откако Дрин Ахмети,внукот на Али Ахемети го купи за џабалк, односно без да вложи ниту едно евро, оди на продажба. На добош што би рекле Србите.

Таа зграда од почеток беше сомнителна , ама тогаш на власт беше чичо па купувањето беше претставена како странска инвестиција. Е сега власта на Ахмети е до раскрсницата кај Зајас и почнаа проблемите за Соравија. Убаво рече Дрин во интервју за „Република“ дека никој не е сопственик а ние не му верувавме.

Работата е проста. Дрин не плаќал кредит за трговскиот кој бил даден под хипотека кај бугарска инвестициона банка. Ратите се наталожиле и дошле до 900. 000 евра. Извршителот Андреја Буневски на крајот на месецот ќе ја продава Соравија за 22 милиони евра. Ко воли нек изволи.

Првиот чекор што Дрин го направи за тоа да го спречи е го смени името на Соравија, Таа сега стана „Кула Валхала“.

Валхала во нордиската митологија е живеалиште на војници загинати во борба. Не знам на кои војници мисли Дрин, можеби на оние од УЧК. Еден од несудените сопственици на Соравија Ник Назар Мехмети е најпознат како финанисер на УЧК од Америка.

Од Соравија, односно од кулата Валхала велат дека нема да дозволат објектот да оди на „добош“ и оти ќе ги ја спречат продажбата кај извршител.