Солзите на мајката која го изгуби својот син во пожарот во Кочани најдобро говори колку е важна правдата која мора да дојде за трагедијата која ја зави Македонија во црно. Мајката на фудбалерот Андреј Лазаров на судењето рече дека нејзниот син се вратил дома само за концертот на ДНК и оти таа го видела во црна кеса, е коментарот на авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
А правдата во овој случај нема надеж дека ќе ја има…односно не во скоро време. Адвокатите на обвинетите ќе ги користат сите правни лекови за одолговлекување на постапката. Многу обвинети на едно место, речиси сите за предизвикување на оштата сигурност која најтешко се докажува. Надеж дека обвинетите ќе си ја добијат казната е обвинителот Борче Јанев кој откри дека газдата на дискотеката, Деко како што го знаеле сите, поткупувал се живо и диво во Кочани. Клубот или не ги исполувал или ги исполнувал минималните стандарди да работи како дискотека или кабаре како што бил регистран.
Злодело е постоење на овој објект толку години рече обвинителот. И во право е.

Но, на некои газди на локали не им иде памет и сакаат да бидат новите Деко. Ете во локал во Кавадари настапи Аца Лукас, оној де што пред една недела беше најголем Македонец со знаме на грбот. Е тој Аца пеел пред 700 луѓе во клуб што собира едвај 200, немал регулиран престој за работа во Македонија, а газдата на објектот продавал карти без фискални. Maкедонија не смее да биде полигон за правење пари а децата живи да ни горат.
И Деко од Пулс така правеше па ене кај заврши
Aца Лукас дури и се закани дека веќе немало да настапува во Македонија.. Ајде па да си исчекаме и за Цеца, Меца, Сека, Теа, Меа……

Војната во Украина кај да е е при крај

Претседателот на САД на Зеленски му испрати мировен план и му даде рок до оваа недела да го прифати. Зеленски демек го одби ама знаеме дека прво го одби па после го прифати како попче и договорот за минералите. Како се вели и кокошката трча неколку круга за петелот да не помисли дека е лесна. Така ќе биде и со Зеленски. За волја на вистината предлогот на Трамп е десет нула за Русија но тоа беше и очекувано.
Ајде со прости зборови да преведеме што Трамп бара од Зеленски. Украина ќе загуби речиси третина од територијата која ќе биде руска но ќе и биде гарантиран суверинитетот и теритријалниот интегритет,. Значи ќе се гараннтира сувереноста на тоа што ќе остане од Украина. Јаки гаранции. Она што е најважно е парите. – САД ќе бидат компензирани за обезбедување гаранции. Значи Америка ќе си го наплати она што го даде во оружје за Украина.. Тоа е ништо е ништо нема за џабе, само на некои некои касно им касно им текнува.
За крај на петте минути со Чавез не можеме да го прескокнене нашиот омилен пациент Зоран Заев. И За Зоки и за Зеленски НАТО е нивна судбина. Зоки мораше да направи уставни измени за да влезе во НАТО а Володимир ќе мора да направи уставни измени за да потврди дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО. Ова во дипоматитијата се нарекува корисен идиот. Секоја сличност е намерна.







Comments are closed for this post.