Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час), соопшти на Фејсбук Министерството за внатрешни работи на Македонија.
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, пишува во објавата.
Официјално, до 15 часот во Македонија има 85 заразени од коронавирус.
За министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, здравјето и животот на граѓаните се најважни.
Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за преземање мерки со кои ќе го овозможиме тоа.
Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка на владата, а Министерството за внатрешни работи ќе презема мерки за нејзино спроведување, објави Чулев.
Comments are closed for this post.