Денеска заврши постапката за набавка на респираторни апарати, цената што се постигна е релативно прифатлива, но ниту еден економски оператор не го задоволи условот за кратко време да се донесе опремата во земјата, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со набавката на респираторни апарати од Бразил.

-Тој дел од набавката е поништен и истиот ќе се повтори преку Владата, рече Филипче.

Тој додаде дека и сега состојбата со респираторни машини е добра, а на располагање во државата има 120 респираторни апарати.

– Спремни се капацитетите и на Инфективната клиника и во болницата 8-ми Септември и светските искуства покажуваат дека многу мал процент од пациентите им е потребна респираторна поддршка, појасни Филипче