Нас во ВМРО – ДПМНЕ здравјето на граѓаните ни е приоритет, потоа економијата да тргне или што се вели да застане на нозе и да им се врати самодовербата на луѓето по сите овие карантини, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Во првите три приоритети не станува збор за избори. Важно е здравјето, да тргне економијата и луѓето да си ја вратат самодовербата. Треба да се врати вербата во државата, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него и претставниците на власта се контрадикторни или еден кажува не сме зборувале за избори, друг кажува како ќе се гласа.
Без темелна анализа што ќе се случи по оваа пандемија, најмал проблем се маските при гласање, туку каква програма ќе им се понуди на граѓаните. Многу поважно, клучно е што ќе им се понуди на граѓаните. Или едноставно важно е каква програма ќе им се понуди, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.