Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, кој ја предводи владината делегација на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, изјави за порталот Нова ТВ дека денеска ќе се гласа за статусот на Охрид и по предлогот на Комитетот охридското подрачје да биде ставено на листата на загрозено светско културно наследство.
На дебатата во рамки на сесијата, на која се дискутира и за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, Адеми пред два дена побарал дополнителен рок до февруари 2020, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.
Во отсуство на официјална информација, дел од македонските медиуми објавија дека на 43-та сесија на Комитетот на УНЕСКО е донесена одлука февруари в година да биде рокот до кога Охрид и државата ќе ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, со што Охридскиот Регион засега нема да се најде на листата на загрозени подрачја.
Меѓу првите барања испорачани од УНЕСКО беше да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро
Comments are closed for this post.