Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за МТВ коментирајќи ја можната кандидатура на професорката Гордана Силјановска за претседател на Македонија истакна дека за неа има најдобро мислење.
Ако ме прашувате лично за професорката Силјановска можам да ви кажам се најдобро.И како човек и како професор.Станува збор за исклучителна личност, со јасно искажани ставови за сите прашања изминатиот период. За мене преставува привилегија што познавам таков човек со кој може да разговарам за различни теми-нагласи Мицкоски.
Професорката Силјановска во изјава за Пресинг Тв нагласи дека илно ја допрел повикот, но мора да размисли за тоа дали ќе се вклучи во претседателската трка. Иако до сега не се гледала себеси на оваа позиција.
Зад иницијативата стојат еминентни личности со голем интегритет. Некои од нив се можеби и посоодветни од мене. Допрена сум, иако морам да размислам. Можеби ако размислувам рационално и ако се навратам на моите изјави од 1994 дека нема веќе да се занимавам со политика одговорот би бил негативен. Но имајќи го предвид емотивниот момент и специфичноста на ситуацијата во која Македонија се наоѓа 75 години по АСНОМ и она што поранешниот претседател Киро Глигоров своевремено го изјави, а тоа е дека “Македонија е се што имаме” ме тера да размислам. Ова се најтешките моменти за мене како професор и како човек, вели Силјановска за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.