Парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги и пратениците позитивни на Ковид-19, за кои е обезбеден посебен протокол, денеска ќе ги изгласаат пакет мерките за помош на граѓаните, најави пред малку пратеникот од СДСМ Јован Митрески и потенцира дена нема да дозволат уцени.

-Наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо.Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денесka владејачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните. Една милјарда деветстотини и дваест милиони денари поддршка за плати за  февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните на голема жалост на опозицијата. Помошта ја обезбедивме, сега ќе ја испорачаме. На денешната седница  ќе ги усвоимие законите кои обезбедуваат финаниска помош за илјадници грааѓни и компании кои, закони  ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги блокираа, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Митрески.

Координаторот на СДСМ рече дека присуството на пратениците кои се болни од Ковид-19 е според сите протоколи. Појасни дека тие нема да бидат присутни во салата со сите пратеници туку со посебен лифт и по ходниците ќе бидат спроведени во кабини од каде ќе гласаат и потоа по истиот протокол ќе заминат. Се работи за двајца пратеници кои се со коронавирус, едната пратеничка вчера и завршила изолацијата.

Митревски информираше дека денеска ќе присуствува и пратеник кој бил со скршеница. Тој рече токму поради ова пред неколку месеци побарале да се одржат онлајн седници кој предлог опозицијата не го прифатила, според него, за да ја доведе државата во ваква состојба, да ги блокира законите кои треба да обезбедат пари за граѓаните како помош за последиците по економијата кои произлегоа од кризата со коронавирусот.