29 возачи под дејство на алкохол за само неколку часа регистрирала полицијата синоќа во Скопје.
Четворица возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Акцијата, како што информира МВР, од полноќ до пет часот утринава ја спроведувале полициски службеници од одделението за безбедност на патниот сообраќај.
Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози.
Освен пијани возачи, биле регистрирани и санкционирани 125 граѓани, кои возеле побрзо од дозволеното.
Comments are closed for this post.