Кривичникот суд денеска соопшти дека предметот „Шпански скали“ за кој екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакикески, е во притвор, е одложен за целиот месец ноември.

Ваквата одлука на судот потврдува дека има двојни аршини кон притворските предмети, зашто како такви треба да имаат приоритет во судењето. Притоа, очигледно, помалку важно е одржување на рочишта заради самата мерка, важно е само  осомничениот Јанакиески да биде во притвор.

Јанакиески е во домашенм притвор за предметот „Шпански скали“ уште од 28 јуни 2019 година. а на 13 ноември, значи за некој ден, тој ќе направи цели две години како ја издржува мерката само за друг предмет.

Наредбата за спроведување на истрагата за предметот беше издадена на 25 ноември 2019 година. Обвинителниот акт до Судот беше доставен на 12 декември минатата година. Оцената на обвинителниот акт беше изготвена уште на 26 февруари, а одбраната ја примила на 10 март годинава.

И од тогаш до сега рочиштата се одвиваат според системот топло-ладно, но Јанакиески и натгаму е во домашен притвор.