Скандалите поврзани со кланот Зајас немаат крај. Внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации.
Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ добиле државни пари за кофинансирање на иновации. Патем Фондот за иновации од јануари 2022 година го води кадарот на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
И од толку многу млади и иновативни луѓе во Македонија, токму на внукот на Али Ахмети му биле доделени пари од страна на институцијата водена кадарот на Али Ахмети. За ова мора да реагираат надлежните институции. За ова мора да има и одговорност. Ковачевски молчи и бега од одговори, затоа што не смее да им писне на газдите од Зајас и Мала Речица. Но колку тој бега од одговори толку побрзо и него и неговите газди ќе ги стаса казната од народот, а потоа ќе следи одговорност за секој проневерен денар од народните пари и за секој криминал.
Comments are closed for this post.