Вицепремиерот Артан Груби најави дека во најскоро време авионите за гаснење на пожар ќе бидат однесени на сервис во Хрватска иако тоа ќе чинело многу повеќе од предвиденото во тендерот.

Тој вели дека цените се нагло пораснати повеќе од 50 проценти  од она што е предвидено во тендерската постапка и затоа пропадале претходните две постапки.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување веќе потпиша договор со хрватските власти за сервисирање на двата канадери и уверен сум дека брзо ќе се постапи-изјави Груби за Канал 5.

По оваа изјава на Груби се поставува прашање зошто на сервис ќе бидат однесени два канадери кога преходната влада набави три и зошто се допушти тие четири години да скапуваат во хангарите во ситуација како оваа кога речиси во половина земја беснеат пожари?