Во текот на вчерашниот и денешниот ден 990 деца примиле МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопштија од Министерството за здравство.
Како што известуваат од министерството, вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре и задутре ќе работат во две смени, во периодот од 7.30 до 19 часот.
В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 7:30 до 13 часот, информираат од Министерството.
Comments are closed for this post.