За десет години, скоро 66.000 Македонци добиле бугарско државјанство, а во речиси сите случаи основата за тоа бил доказ за бугарско потекло, пишува бугарски Дневник
Овој податок го изнела дееска во бугарскиот парламент министерката за правда Десислава Ахладова на барање на пратеник од владејачката партија ГЕРБ.
Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година, 77.829 македонски државјани поднеле барање за бугарско државјанство, од кои 77.726 биле со бугарско потекло.
Во истиот период, 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство со претседателски указ.
Comments are closed for this post.