Претседателката на Сусдскиот совет Весна Дамева смета дека оваа институција го нема изгубено легитимитетот.

Дамева: Не можам да кажам дека Судскиот совет го изгубил легитимитетот бидејќи одлуките, особено оваа одлука којашто Управниот суд ја прогласи за незаконита, не беше донесена од сите членови. И не може во ист кош да ги ставите сите членови на Судскиот совет. И не само таа одлука, и идните одлуки што ги носи Судскиот совет најчесто не се едногласно донесени. Затоа не можам да се сложам со констатацијата која проциркулира и во стручната јавност дека Судскиот совет нема легитимитет. За да се одземе легитимитет на цело тело не може истото да се стори врз основа на незаконито, пристрасно, несовесно, нечесно или какво било однесување на поединци. Затоа секогаш кажувам и сега ќе повторувам – значи, секој има име и презиме, и ако некој постапува незаконски, несовесно, неодговорно – треба да се каже со име и презиме, изјави Дамева за „360 степени“.