Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Вучиќ не гледа ни што спорно во таа средба која се случила пред заминувањето на екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Унгарија. Оваа како и средбата на Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во истиот период ја потенцираше премиерот Заев во интервју за српската телевизија Н1. Запрашан за негова вмешаност околу заминувањето на Груевски, Вучиќ одговори

Груевски не сум го видел во последните три години, а упте помалку пред бегството. Што би рекол Милорад Додик, изгледа дека сите се како да има некоја рака што ги движи, а јас не мислам дека има и не верувам во некои теории на заговор, но како сите да се јавиле, сите што треба за нешто да ја обвинат Србија.