На воената вежба „Одлучен удар“ на полигонот „Криволак“ најголемо внимание предизвика транспортерот „Страјкер“. Екипата на „Пресинг ТВ“ имаше можност да влезе во внатрешноста на овој транспортер и се увери дека станува за „Вселенски брод“ на тркала.
„Страјкер“ е возило од канадско производство и во зависност од видот на опремата чини од 5 до 10 милиони американски долари.
Тежи од 16 до 18 тони, долго е 6,95 метри, широко 2,72 метри, а високо 2,64. Собира најмногу девет патници.
Има 8×8 тркала а оперативниот опсег е 500 километри. Максималната брзина која може „Страјкерот“ да достигне е 97 километри на час.
Comments are closed for this post.