СДСМ, која некогаш ветуваше “едно општество за сите”, денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под раководство на Венко Филипче, здравството беше во колапс, оставајќи ги граѓаните во несигурност и болка.

Кога Филипче беше министер, здравството беше во клиничка смрт! Болниците без опрема, клиниките и болниците потопени во долгови, а медицинскиот персонал намален што едвај работеше. Несигурноста и неуспехот беа негова водилка! Филипче и СДСМ беа дел од бројни скандали, почнувајќи од модуларната болница во Тетово, Дурмо Турс, Онкологија и набавката на кинески вакцини.

Тој заедно со ДУИ го оставија здравството потопено во несигурност, користејќи ги здравствените работници како изборни алатки!

Но, со Арбен Таравари на чело, оваа разорна пракса се става крај! Несигурноста исчезнува, а повеќе од 1000 здравствени работници се систематизираат.

Во првата година од министерството на Таравари, ВЛЕН направи извонредни чекори за промена на здравството! По 15 години, позитивната листа на лекови беше ажурирана, помагајќи им на илјадници пациенти! Само оваа година, 300 специјализанти се примени, а 300 други ќе бидат примени следната година!