Ништо во врска со доаѓањето на папата Франциск во Скопје не би било спорно ако пред десет години не беше одбиено барањето на Православната Охридска Архиепископија, Македонија и верниците да ги посети српскиот патријарх. Ете тоа се вика верска дискиминација, обвинува поглаварот на ПОА Јован Вранишковски во интервју за српски “Новости”.

Во како што пренесува медиумот ексклузивното интервју Вранишковски обвинува дека верската дискриминација во Северна Македонија постои и сега бидејќи судот не ја регистрирал ПОА наспроти правосилната пресуда на Европскиот суд за човекови права.

Ние последен пат пред еден месец бевме во контакт со Основниот Суд Скопје 2 и му одговоривме учтиво на судијата кај кој е распореден предметот да не регистрира, но притоаа да го смениме името во Охридска Архиепископија. Му се заблагодаривме на неговата добра воља и му одговоривме дека не можеме да прифатиме промена на името под кое го добивме случајот пред Европскиот суд и под него само можеме да бидеме рагистрирани, вели Вранишковски.

Околу посетата на папата Франциск Вранишковски истакнува дека тој ќе биде во Македонија само 10 часа шо покажува дека нема намера да ја обнови римоатоличката пропаганда на овие простори.

Уште од 19 век тука постојат унијати или како уште се нарекуваат католици со источен обред кои се во единство со Ватикан. Има и римокатолици, главно населени од Хрватска за време на СФРЈ. Нив во Северна Македонија заедно ги има малку, но нема ништо спорно во желбата да ги посети нивниот верски поглавар. Што се однесува на позадината на посетата, со самото тоа што папата ќе биде овде само 10 часа го покажува неговиот исклучително мал интерес римокатоличката пропаганда да се обнови на овие простори, вели Вранишковски.

Тој во интервјуто говори и за тоа дека грчкото свештентво не го прифаќа името Северна Македонија, негативниот став на бугарската црква и Вселенската патријаршија околу автокефалноста на МПЦ-ОА и за тоа што МПЦ-ОА како што вели крие дека Бугарската црква одбила да и биде мајка црква.