Невнимание е причина за несекојдневната случка кога автомобил вчера заврши во водите на Охридското Езеро.
Увидот на полицијата за утврдување на околностите под кои возилото марка „пежо“, со охридски регистерски таблички, завршило во езерото покажа дека жената која управувала со возилото, го паркирала автомобилот пред поранешното музичко училиште на кејот на Охридското Езеро, а потоа го напуштила без соодветно да го обезбеди, односно не ја кренала рачната сопирачка.
Конфигурацијата на теренот, односно косината на паркинг-местото, била причина возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерската вода.
Comments are closed for this post.