Во жлезничка несреќа меѓу товарен воз и автобус се повредени две лица, коишто по несреќата биле префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Сударот се случич вчера околу 10.15 часот во село Свиларе на железничкиот премин на пругата Скопје-Кичево, кога возот удрив во автобусот со скопски регистарски таблички.
Во сударот биле повредени 32-годишниот возач на автобусот И.М. од село Грчец, како и 45-годишниот патник во автобусот М.М..
Поради несреќата, железничкиот сообраќај бил во прекин пет часа.
Comments are closed for this post.