Владата вечерва ќе одржи вонредна седница по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово и во која загинаа 13 лица.

Од Владата уште соопштија дека премиерот Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.