Примероците вода кои беа земени за испитување од градската плажа и плажите „Полин“ и „Гранико“ во Стар Дојран покажаа одлични резултати во поглед на сите испитани параметри од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.
По присутна матност водата е од трета класа, по заситеност од кислород од 5 класа и по сите останати хемиско-физички параметри од прва и втора класа, а според микробиолошката анализа е во одлична сосотојба, покажала анализата на ИЈЗ.
„Тие се исти како и резултатите од минатата година. Ја истакнуваат непроменетата одлична состојба на водата и покажуваат параметри кои не се штетни по здравјето на луѓето“, рече градоначалникот.
Тестирања на водата во Дојранското езеро ќе се прават уште неколку пати за време на туристичката сезона, во јули и август.
Comments are closed for this post.