Во Тиквешијата драматично се шири британскиот сој на вирусот. Кавадарци и Неготино секојдневно се со високи бројки во здравствениот билтен, само вчера во овие два града се регистрирани нови 83 позитивни случаи. Во ковид центарот во болницата во Кавадарци се хоспитализирани 78, по 50 % се од Кавадрци и Неготино.

И во Штип само за шест дена бројот на новозаразени се зголеми на сто, вчера од над 80 тестирани 50% се со позитивни тестови. Епидемиолозите велат дека во овој регион доминира работоспобното население од 30 до 60 години, но има и пензионери. Најголем проблем за Центарот за јавно здравје е што новите случаи не ги откриваат своите контакти. Затоа здравствените работници, но и локалната власт бара граѓаните да се општествено одговорни.

Во штипскиот регион голем дел од кластерите се во семејствата, но од вчера има и случаи на ширење на вирусот и во претпријатија.

 

извор Телма