Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ предлагаат седниците да се одржуваат во сала, но заразените пратеници да се вклучат онлајн. За ваквите измени во собранискиот деловник бараат консензус со опозицијата.
За ВМРО ДПМНЕ ваквиот потег е неуставен. Пратеникот Милошоски смета дека ако оваа идеја се спроведе без согласност од сите, ќе се предизвика политичка криза и правна несигурност.
Поддршка за нова собраниска пракса нема ни од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Освен двајцата пратеници од СДСМ и ДУИ, позитивна на корона вирусот е и пратеничка од ВМРО ДПМНЕ, која била заразена повеќе од една недела, но подолг период не одела на работа.
Comments are closed for this post.