Во Скопје заигра метлата. И тоа во вистинска смисла на зборот. Не можело да се исчисти, немало камиони, немало работници, малку биле контејнери. Ете можело. Навистина не е за фалење дека се исчистило ѓубрето бидејќи тоа треба да биде нешто најнормално.

Ама па досега во Скопје ништо не беше нормално. Ѓубре и смрдеа на сите страни, валкани улици, автобуси што стојат, плоштад да ти е срам да поминеш. Сега веќе не е така. Градот убав пак ќе никне. Што рече некој мириса на шампон, вели авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

 Нoвиот градоначалник, како што вети за 72 часа го светна Скопје. Како на времето што имаше работни акции така и Орце организираше голема акција за чистење на градот.Генералка. Море чистачи, шмркови, камиончиња, се вклучија и обични граѓани во генералката. Требало само организација и менаџмент. И сега замислете овие од опозицијата си прават шегички и хехенца од типот од утре ќе се шетаме по чорапи ни град, полнат па сликаат контејнери демек не е чистено. Леле јака финта. Замислете, валканите им се смеат на чистите. Да си пукнеш. Како стаорци кои излегуваат на ѓубриште. И за нив ќе има дератизација, и за вистинските глувци и за оние кои се кријат позади тастатура наместо да зачистат. Барем така ќе имаме и некаква корист од нив.

Оваа недела беше недела на градоначалници. Не само Скопје. И Њујорк доби градоначалник .Зохран.

Нагалено го викаат Зоран. Кога ќе се спомне Зоран нас прво ни текнува на еден и единствен Зоран. И како да не ги споредиш, и едниот и другиот ја држат раката на срцето, А знаеме дека нашиот Зоран секогаш си стоеше до зборот и ништо не излажа.

Кај ги наоѓаат вакви, како од ист калап да се правени. Еве и на њујоршкиот и и на муртинскиот Зоран прв другар им е синот на Сорос.А од него почна разнебитувањето на Македонија. Назад им е зимата на њујорчани со нивиот Зоки. Eте Зохран прво нешто што направи е леташе орли како пријател на Албанците. Значи Албанците ги загубија Брвеница и Кичево а го добија Њујорк. Тоа е Њујорк, Њујорк а ич , негде да се владее, да врти парата.Затоа Зохран не се лути кога те викаат Зоран. Исти сте.

Европската комисија го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати. Се сеќавам на времето колку се потресувавме кога се објавуваа вакви извештати, море текстови, анализи, следење во живо. Сега ништо. Знаете ли зошто? Сега ќе ви објаснам, многу е едноставно. Веќе никог не се потресува што ќе кажат оние од Брисел.

Шампиони биле Црна Гора и Албанија, напредувале Молдавија и Украина а назадувале Македонија и Србија. Вака сега, одиме по ред. Црна Гора и буквално е контролирана од мафијашки кланови, но Европа љуби такви држави така да не не чуди што се лидери. Украина е во војна а во војна најмногу се напредува-нели. Молдавија е позагреота и од нас и само им пуштаат водичка дека некогаш ќе ги примат. А Србија ако воведе санкции на Русија или па да го признае Косово одма ќе станат ЕУ шампиони. Македонија пак е посебна приказна. Вечен кандидат за членство. Прво беше Грција, сега Бугарија. Истата таа ЕУ сега ни вика сменете го Уставот, ставете ги Бугарите па после ќе видиме. Тој филм нема да се гледа. Да ги внесеме Бугарите и да добиеме петка на рачето како што вели премиерот Мицкоски и одма потоа ново вето. Не фала.И на ЕУ им е јасно дека уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последно нема да има. Како се вели ако ме излажеш еднаш срам да му е , ако ме излажеш втор пат срам да ми е, А Македонија во во овие 20 годинни кандидатски статус се има изажано неколу пати. Се надевам дека ја научивме лекцијата. А оние од Брисел нека не се чудат што паѓа поддршката кај македонските граѓани за влез во ЕУ. Допрва ќе паѓа. Не во ЕУ, односно не под вакви услови, или уцени кој како ќе ги нарече.

Започна Гејм од тронс, нова сезона. Дејствието се одвива на улицата Бихачка под Водно. Најголемите губитници на локалните избори наместо да се реформираат фатија да се оговарараат.

Како да се наоѓаат во нивната природна средина-кафана, трачарат кој мешатарел или народски кажано му работел позади грб. Главни стринки овој пат се Стево Пендаровски и Љубомир Фрчовски. Какви ликови. Едниот лажеше дека не видел никаков француски предлог па по три дена да изјави дека тој лично учествувал во неговото креирање. Со Борисов паk беа на …кај си љубави. Е тој Стево се правда на Фрчко дека не учестувал во никакви сплеткарења. И тоа на кого, на Фрчовски кој е креатор на политиките на СДСМ и секаде каде што бил на функции си заминувал со скандали. Последниот беше во Обединетите нации. Фрчко не го дава Венко, А Стево пак го сака тронот. Земете пуканки и гледајте, кој ќе седне на тронот на Бихаќка?,прашува авторот на колумната.