Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека денеска  во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“, со кое ќе се одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, потоа по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот „ВМРО“, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8-ми Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.